Линкови за пристапност

Колку Македонија е слободна за верско изразување?


Колку Македонија е слободна за верско изразување?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Експерт за Гласот на Америка, го анализира извештајот на Стејт департментот, во кој се забележува ограничување на верските права во Македонија

Кога се привилегираат одредени верски групи, на кои им се дава повеќе слобода, во споредба со други, обично доаѓаа до тензии, вели Брајан Грим, претседател на Фондација за верска слобода во Вашингтон, по годишниот извештај на Стејт департментот, во кој, меѓудругото, се наведува дека и во Македонија не се почитуваат правата на сите верски групи.

„Во Македонија се признаени повеќе верски заедници, и многу е важно секоја од нив да има еднакво право на верско изразување“, вели Грим.

Тој смета дека верските лидери во Македонија треба да соработуваат на заеднички проекти, со цел да се спречи меѓуетничка нетолеранција.

„Многу е важно привилегиите што некои можеби ги имаат во Македонија, да не се монополизираат, туку секоја група да ги почитува нејзините права и обврски“, рече Грим.

Според него, говорот на омраза на социјалните мрежи има огромна моќ на предизвикувае насилство, кој мора да се спречи преку пораки на мир и соработка

Владиката Тимотеј, пак, смета дека нема ограничување на верската слобода во државата.

„Тоа може да се однесува само на заедници или религиозни групи, кои не се регистрирани во Македонија, и делуваат надвор од законските регулативи. Сметам дека ниту една држава во светот нема да дозволи такво делување, какво што кај нас се` уште се толерира“, вели Тимотеј.

Тој вели дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија е расположена за дијалог со сите верски заедници, и оти не делува под притисок на ниту една политичка партија, туку работи на зближување на луѓето и подобрување на црковниот живот во државата.

По објавување на извештајот за верски слободи и права минатата недела, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, нагласи дека речиси 80 отсто од населението во светот живее со ограничена слобода за верско изразување.

„Исламската држава е одговорна за геноцидеот кон Језидите, Христијаните и Шиитските Муслимани, во деловите кои се под нивна контрола. Таа е одговорна за злосторства против човештвото“, изјави Тилерсон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG