Линкови за пристапност

Насилството во Парламентот ќе влијае врз ставот на Брисел


Насилството во Парламентот ќе се одрази врз ставот на Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Аналитичари за Гласот на Америка, коментираат за динамиката на новата Влада во спроведување на реформите

Македонија ја избегна опасноста да стане диктаторство - сега на ред е серизоно да се посвети на отворање работни места, вели Едвард Лутвак, политички консултант во Вашингтон.

„Ако Владата ги имплементира економските политики, дури и да создаде само едно работно место, но, не владино, туку во приватниот бизнис,ќе има голем ефект врз Брисел. Ќе се случи промена во ставот кон Македонија“, изјави Лутвак.

Според него, мора итно да се променат владините регулативи, бирократски процедури и лиценцирања, со кои се блокира интересот за инвестирање.

Важен приоритет за Владата, вели Лутвак, е и да се спречат младите да ја напуштаат државата.

„Македонија не може да просперира ако продолжи да биде земја на имиграција“, вели тој.

Интеграцијата во НАТО останува главна цел, но, Лутвак порачува државата да избегнува испраќање на скапи мисии во странство, за политички поени и престиж, и да се фокусира на безбедноста дома

Тој не ја исклучува и заканата од руското влијание во Македонија.

„Новата админстрација, во споредба со претходната на Обама, има многу поголем интерес за тоа што Русите прават на Блаканот и во Европа. Американската влада сега е многу повеќе претпазлива и активна“, смета Лутвак.

Според Гарет Мартин, професор на Американскиот Универзитет во Вашингтон, Владата мора да работи на унапредување на владеење на правото.

„Но, очигледен проблем е и спорот за името. Некои од знаците што неодамна дојдоа од Грција, водат до претпазлив оптимизам, но, ако се земе предвид дека проблемот трае со години, треба да се работи внимателно“, рече Мартин.

Тој верува дека насилството во Парламентот ќе игра улога во идниот однос на Европската унија кон Македонија

„Брисел, како и насекаде во светот, се шокира од нападите во Парламентот во април, што одекнаа како ехо на настаните од 2001-та година. Од тие причини ЕУ не смее да го игнорира Западниот Балкан, каде постои нестабилност“, објаснува Мартин.

Вели дека членството во НАТО може да се случи пред влегување во Европската унија, бидејќи процесот е побрз и поедноставен. Во наредните две години секако треба да има симболичен почеток на евроинтегративниот процес.

Тој нагласува дека САД треба да имаат поголем ангажман на Балканот, во поглед на НАТО интеграцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG