Линкови за пристапност

Прво реформи, па чиста препорака за ЕУ


Прво реформи, па чиста препорака за ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Засилената дипломатска активност треба да доведе до ослободување на патот кон ЕУ и НАТО, велат експертите

Брисел, Атина и Софија. Во една седмица претставници на новата Влада ги посетија клучните точки за рестартирање на евроинтеграцискиот процес - седиштата на ЕУ и на НАТО, и престолнините на земјите соседи, со кои Македонија има отворени прашања, и од чие решавање зависи натамошниот напредок.

Идејата, за која првично се зборуваше во селектирани кругови, а која деновиве веќе се прошири и во јавноста, е државата да направи се` што може во наредните неколку месеци, во делот на итните реформски приоритети: владеење на правото, независно судство и обвинителство, слобода на говор и човекови права, со што на Европската комисија ќе може да и се одврзат рацете, до крајот на годината, да излезе со извештај во кој би се отстранила условената препорака за почеток на преговори

Тоа од Брисел го најави и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„На нас Европејците ќе биде да испорачаме, но, под услов колегите во Скопје да ги испорачаат бараните реформи“, вели Хан.

Дополнителен аргумент за македонските евронадежи треба да биде и затворањето на Договорот за добрососедство со Бугарија - земја сосед, но, и претседавач со Унијата во првата половина од 2018-та, кој според најавите ќе се потпише на 2-ри август.

„Ние сме за единствена Македонија, членка на НАТО и на ЕУ. Ќе направиме сѐ што е можно со пријателска Грција да работиме заедно да ги решиме сите проблеми“, изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија.

Во паузата меѓу посетите на Атина и на Софија, повторена поддршка дојде од сериозен регионален играч - Турција.

„Голема неправда е наметнатиот проблем со името. Ќе продолжиме да ве поддржуваме да станете членка на ЕУ и НАТО, без мешање во внатрешните работи“, изјави Мевљут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Турција.

И да се успее во намерата да се завршат домашните задачи, како и сегментот кон Бугарија, сепак ќе остане најсериозниот проблемот со името.

Посетата на шефот на дипломатијата во Атина беше оценета како мисија на помирување - насмевки, конструктивен дијалог, но, пораката иста.

„Знаеме дека нашиот сосед сака да биде членка на разни организации, но, прво да се реши прашањето со името“, вели Никос Коѕиас, министер за надворешни работи на Грција

Идејата е проблемот со Грција да остане единствен на патот кон Брисел, велат дипломатски соговорници на Гласот на Америка.

Во такви услови очекуваат притисокот врз Атина да се интензивира, Грција да биде ставена во позиција, во која, по јасната волја на Скопје за добрососедство и сработените задачи, ќе мора нешто да испорача. Прашањето е дали тоа ќе се случи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG