Линкови за пристапност

Хан: Одлуката за референдумот ќе влијае и врз генерациите кои не се родени


Порача еврокомесарот за проширување денес од Скопје

Нема време за губење. Искористете го своето демократско право на референдумот на 30-ти септември, изјави денеска во Скопје еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Тој порача дека одлуката што ќе се носи во наредните денови ќе има историско значење за иднината на Македонија. Тој се надева дека граѓаните, со нивниот глас, ќе овозможат државата наместо ПЈРМ, да се именува како Северна Македонија.

„На 30-ти септември граѓаните ќе имаат можност да ја определат нивната иднина. Ова е можност што се случува еднаш во животот. Да се носи одлука што ќе има влијание врз нив, нивните деца и внуци, дури и за оние генерации кои сѐ уште не се родени. Важно е да се осигураме дека граѓаните можат да донесат информирана одлука. Има силна поддршка за овој договор од меѓународната заедница, бидејќи ја штити европската и евроатлантската иднина на вашата земја. Само од вас зависи, морам да кажам од граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија. Воопшто не ми се допаѓа кратенката, но, ако имам скромно барање тогаш тоа е во иднина да ви се обраќам како Северна Македонија, но, вие ќе решите дали во иднина ќе можам да ви се обраќам така“, изјави Хан.

Премиерот Зоран Заев рече дека круна на напредокот ќе биде стартот на преговорите за членство во јули 2019-та година.

„На 27 септември ќе го почнеме скринингот што е вовед во преговорите. Веќе правиме важни реформи, а до јули догодина ќе ги удвоиме напорите во клучните области – владеење на правото, судство и реформа на разузнавачките служби“, рече Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG