Линкови за пристапност

Нимиц: Доколку не ја искористите шансата, може да бидете во чекална уште 25 години


Ова е дел од разговорот меѓу амбасадорот и македонскиот заменик-министер за надворешни работи во Њујорк

Идејата за долготрајно чекање и неспроведување на Договорот со Грција е многу ризична, му порачал амбасадорот Метју Нимиц на заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, за време на средбата во Обединетите нации.

Жерновски, за Гласот на Америка, вели дека Нимиц потенцирал оти Договорот е фер и чесно решение за двете страни.

„Доколку не ја искористите оваа шанса, може да бидете во чекалната уште 25 години, а може да поминат уште толку пред нов договор, доколку овој не помине“, истакнал Нимиц на средбата.

И Нимиц и Жерновски се согласиле дека е потребно Договорот да биде спроведен во сите фази на неговата имплементација, како единствена алтернатива на Македонија за Европската унија и НАТО.

„Благодарен сум на амбасадорот Нимиц за неговите лични заложби во решавање на спорот за името под покровителство на ООН. Неговата дипломатска умешност и трпеливост речиси три децении заслужуваат длабока почит“, вели Жерновски, додавајќи дека македонското и грчкото лидерство покажале оти со визија и посветенсот може да се постигне договор за решавање на спорот за името, кој со години ја држеше Македонија во заложништво и стагнација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG