Линкови за пристапност

ДИК почна со работа - отворен патот за референдум


ДИК почна со работа, отворен патот за референдум
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Седумтемина членови на ДИК, три на предлог на СДСМ, двајца на ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од ДУИ и од БЕСА, ја презедоа функцијата

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) даде свечена изјава, по политичката блокада надмината на последната лидерска средба.

Седумтемина членови на ДИК, три на предлог на СДСМ, двајца на ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од ДУИ и од БЕСА, ја презедоа функцијата.

Комисијата ќе ја води Оливер Дерковски, предложен од опозицијата.

„Денеска ја дадовме свечената изјава и со тоа го означивме почетокот на работата на ДИК. Очекуваме Собранието исто така, да донесе значајни одлуки за работата на ДИК. Доколку се заврши се` како што треба, го гледате составот, се` се тоа искусни луѓе, од кои повеќето претходно веќе биле и членови на ДИК, така што сметам дека за главната задача ќе ја договориме пред се` почитувајќи ги законите и Уставот на РМ“, изјави Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

Со формирањето на ДИК, телото задолжено за спроведување на референдумот за договорот со Грција, од технички аспект, се отвора патот за негово распишување.

Пратениците од владејачкото мнозинство веќе се потпишале за иницијативата за распишување референдум со прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“?

Се чека на опозицијата.

„Огромно е мнозинството на паретници што застана зад иницијативата. Знам дека прашањето е тоа кое што го објавивме - дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Р.Македонија и Р.Грција, знам дека референдумот ќе биде консултативен, и уште еднаш само ја користам приликата опозицијата навистина да се вклучи и да повика на гласање за да можат граѓаните да излезат масовно и да го кажат својот глас“, изјави премиерот Зоран Заев.

Во предлог што ќе биде доставен до претседателот на Собранието, содржан е и датумот за одржување на референдумот – 30-ти септември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG