Линкови за пристапност

Реакции по инцидентот на Кале


Реакции по инцидентот на Кале
Реакции по инцидентот на Кале

По инцидентот што се случи во саботата на скопското Кале што предзивика пораст на меѓуетничките тензии, во вторник стигна најава за нови такви протести на етнички Македонци во знак на, како што се вели, заштита на Црквата музеј на Калето

Најавата за нови протести е објавена преку социјалната мрежа Фејсбук и забележано е дека за протестите веќе се пријавени неколку илјади учесници.

Во меѓувреме растат политичките страсти по инцидетот од минатата недела и покрај апелот за смирување на тензиите што го упатија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, денеска не сакаше да го коментира инцидентот, но затоа ја повика власта да преземе лидерство во справување со состојбите во сите сфери.

„Има многу примери на градби и споменици кои се прават без соодветни консултации. Ова се народни пари и граѓаните мора да знаат како се трошат нивните пари“, изјави амбасадорот Фуере.

Криткува и опозицијата. За Нова демократија власта ги злоупотребува и жртвува малолетниците за да прикаже меѓуетнички тензии. Оваа партија бара целосни информации, посебно за тоа што се планира со објектите и проектите кои ги разгоруваат страстите и го загрозуваат секуларниот карактер на државата.

„Да не молчат и да не се кријат, туку да ја информираат јавноста, како планираат понатаму да го менаџираат проектот што се заканува да ги закопа меѓуетничките односи во земјата“, рече Флора Кадриу од Нова демократија.

Реакција пристигна и од Обеднити за Македнија. За лидерот Љубе Бошковски инцидентот бил монструозна конструкција и лош план за опстанок на власта, преку обид за враќање на амбиентот од 2001-та година.

„Никој нема да ги врати Македонците и Албанците во рововите. Груевски пред средбата со Бајден и Клинтон наметнува тема која не постои, и сака да отвори ново прашање за меѓуетничките односи кое лицемерно ќе го брани во Вашингтон“, изјави Бошковски.

XS
SM
MD
LG