Линкови за пристапност

Различни ставови за тоа каде Преспанскиот договор ја води Македонија


Македонија - членка на НАТО до крајот на 2020 година?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин, вели дека Преспанскиот договор ќе ја однесе Македонија во НАТО до крајот на 2020 година. Но, за лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, Преспанскиот договор не е од интерес на Македонија

Преспанскиот договор ќе ја однесе Македонија како членка во Нато најдоцна до крајот на 2020 година вели Нано Ружин, поранешен македонски амбасадор во НАТО. Тој очекува процедурата за тоа да започне веднаш откако во Собранието до средината на јануари би се донеле уставните измени.

После овој момент македонските воени и политички дипломати ќе имаат можност да заседаваат во највисокиот орган на НАТО, Северно атланскиот совет, вели тој за Гласот на Америка.

„Ќе имаат пристап до речиси 80% од комитетите и практично после започнува таа техничка процедура за прием која ќе трае една година. Мислам дека на крајот на 2020 година и многу порано ќе бидеме примени“, вели Ружин.

Ружин додава дека во меѓувреме за членството позитивно треба да се изјаснат парламентите на сите 29 држави членки.

„Вообичаено е последен да се изјаснува Американскиот конгрес, бидејќи во тој случај се става точка и ќе биде подигнато македонското знаме. Ќе се случат многу позитивни промени во безбедносна смисла, бидејќи на тој начин се здобиваме со гаранција дека државата е целосна, дека државата ќе остане во овие граници“, вели Ружин.

Но, за лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев Преспанскиот договор не е од интерес на Македонија.

„Со овој договор од Грција се брише се што е македонско. Ова е една борба во која треба да влеземе сите како Македонци“, вели Бачев.

Бачев, чија што партија отворено се залага за повлекувањето на актите за прием на Македонија во НАТО и ЕУ, со барање за членство во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија, негира дека се филијала на руска партија во Македонија.

„Од друга страна ние имаме блиски врски со Русија во смисла што делиме исти вредности. Во таа смсила имаме и политичка соработка, бидејќи ние, со тие партии, како Единствена Русија делиме исти вредности. Нашата условно кажано проруска ориентција сфатете ја во смисла дека делиме исти вредности“, вели Бачев.

За Ружин пак, последната изјава на бугарскиот министер за одбрана, Каракачанов, кој на социјалната мрежа Фејсбук напиша да не се злоупотребува македонскиот јазик, бидејќи тоа можело земјава да ја чини членство во НАТО и ЕУ, ја оцени како изјави за дневна политика и смета дека Македонија треба договор, како оној со Бугарија, да потпише и со другите соседи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG