Линкови за пристапност

Преспанскиот договор во фокус на предизборната реторика


Власта денеска предупреди кои се можните последици, откако опозицијата реши да оди на „тврда“ варијанта и да најавува ревизија на документот

Се заострува предизборната реторика меѓу двете главни политички партии. Освен „Рекет“, обвинувањата за корупција, за криминал, разликите за законот за јавно обвинителство, во „игра“ влегува и Преспанскиот договор и неговата иднина.

Власта денеска предупреди кои се можните последици, откако опозицијата реши да оди на „тврда“ варијанта и да најавува ревизија на документот што доведе до промена на уставото име на земјата, но и на деблокада на евроатланстките интеграции.

Преспанскиот договор и неговата иднина влегоа во предизборната „игра“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00


„Укинувањето на Договорот од Преспа би не вратило најмалку 25 години наназад, и би го вратило ПЈРМ, име со кое бевме именувани на меѓународен план, на сметка на уставното име. Тоа ќе значи автоматско укинување на нашето членство во НАТО, губење на ЕУ перспективата“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски вели дека неговата партија ќе се обиде да го ревидира Преспанскиот договор доколку освои двотретинско мнозинство.

„И тоа не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери“, рече Мисајловски.

Оваа позиција изненадува зошто сите клучни меѓународни партнери на земјата го поздравија Преспанскиот договор, нарекувајќи го историски чин и пример за помирување во регионот.

Последната порака за неговото значење дојде од новиот еврокомесар за проширување.

„Сметаме дека е клучно да продолжи имлементацијата на Преспанскиот договор, независно кој ќе биде на власт“, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Вархеји побара и носење на законот за јавно обвинителство до изборите, нешто што е неизвесно поради разликите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Засега, „виси“ и можноста за лидерска средба Заев-Мицкоски. Не се исклучува утре да има состанок на пониско партиско ниво за да се утврди динамиката на натамоѓните разговори за овој закон. Но, овие средби не се гарант дека договор ќе има пред да се распушти собранието.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG