Очекувано, како и во претходните изборни циклуси, проблемот во билатералните односи меѓу Македонија и Грција во врска со прашањето за името влезе во изборната кампања. Прашањето го отвори премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на еден од изборните митинзи на партискиот кандидат за претседател и актуелен претседател Ѓорге Иванов. Груевски ги обвини политичките ривали дека се подготвени за компромис со Грција на штета на националните интереси.
„Знаеме како неговиот ментор Бранко Црвенковски сакаше да го реши, а тој како советник веројатно се согласуваше со него, бидејќи не се огради од него и од тие изјави, а се спомнуваа различни одредници. Него го кандидира партијата и стои зад него, партија чиј претседател Зоран Заев јавно кажа дека треба да се свитка кичмата за името. Пендаровски се продава пред народот како човек кој ќе го реши, па би сакал да го слушнеме како ќе го реши“, изјави Груевски.
Кандидатот на опозицискиот СДСМ Стево Пендаровски на еден од предизборните митинизи одговори со тоа што се повика на потреба од национален консензус по ова прашање.
„Спорот околу името со Грција сигурно нема да го решам сам. Тоа може да се реши само со државен консензус меѓу сите политички чинители затоа што со референдум не може ниту едно решение да помине со 900 илјади гласови. Без единство тоа не е можно“, рече Пендаровски.
Како алтернатива за решавање на проблемите што ги оптоваруваат грчко-македонските односи, Пендаровски предлага интензивирање на соработката со јужниот сосед.
„Ако не може со консензус да се реши, тогаш да го турнеме на страна проблемот и да имаме соработка, погранична соработка и да развиваме се` што може да има врска со економија, со трговија, со профит и со подобар живот на луѓето“, вели Пендаровски.
Иванов, пак, во своите јавни настапи потенцира дека нема да дозволи промена на Уставот.
„Не знам за моите противкандидати, но јас имам јасен став. Нема да прифатам промена на Уставот, со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Нема да дозволиме Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени. Македонските граѓани сами одлучуваат за своите клучни национални прашања. Никој освен македонските граѓани нема право да одлучува за името на нашата татковина Македонија“, дециден е Иванов.