Линкови за пристапност

СДСМ се` уште бара кандидат за претседател, одлука во наредните денови


СДСМ се` уште бара кандидат за претседател, одлука во наредните денови
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

По вчерашната средба со Али Ахмети излегоа пораки дека е можно да се изнајде заеднички кандидат

Власта е во потрага по претседателски кандидат прифатлив за сите партии што ја сочинуваат коалицијата. Премиерот и лидер на СДСМ денеска се сретна со првите луѓе на албанските партии „Алтернатива“ и на ДПА.

Состаноците следат по вчерашната средба со Али Ахмети од која излегоа пораки дека е можно да се изнајде заеднички кандидат зад кој би застанало владејачкото мнозинство.

Колебливоста кај социјалдемократите кои првично најавија избор на кандидат на партиска конвенција, за потоа да следат внатрекоалициски консулатции, и дадоа отворен прстор на опозицијата која минатиот викенд избра свој „играч“ за изборите за шеф на државата.

„Заев сега не бара претседателски кандидат. Бара послушник којшто ќе му го аминува криминалот на картелот во власта. И нема ништо од демократски норми во овој избор. Членството ќе биде ставено во функција да гласа за изборот на Артан Груби“, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата владејачка партија се` уште „вага“ кој кандидат, прифатлив и за коалициските партнери, би поминал добро и кај партиското членство и кај поголем дел од општеството.

Засега, најголеми шанси им се даваат на националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Одлуки се очекуваат во наредните денови. Во меѓувреме, СДСМ и врати на ВМРО-ДПМНЕ со критики за каднидатот Гордана Силјановска пратени од пред седиштето на опозицијата.

„ Дека ништо не се променило во партијата на Никола Груевски, во овој скапоцен дворец зад мене, потврдуваат ставовите на Гордана Силјановска, кандидатката на Христијан Мицкоски за претседател на државата“, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

Паралелно со калкулациите во владејачката коалиција и веќе утврдениот канидат на опозицијата, Филип Петровски, екс-функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска најави дека од сабота ќе почне да собира 10.000 потписи за неговата кандидатура поддржана од „Македонија блокира“ на претстојните претседателски избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG