Линкови за пристапност

Шекеринска: Македонија има што да им понуди на сојузниците


Воени вежби на американски трупи на Криволак
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Американски воени единици во Европа, изведоа воени вежби на Криволак

Американски воени единици, кои од почетокот на август се на Криволак, денеска пред шефицата на македонската одбрана Радмила Шекеринска и заменик-амбасадорката на САД Микаела Блум, прикажаа дел од нивната обука на овој полигон, за првпат со учество на воздухопловни сили.

Шекеринска најави поголема искористеност на Криволак во иднина, со што, според неа, ќе профитира домашната економија. Таа воедно ги повика граѓаните да ја искористат шансата за интеграција на Македонија во Алијансата и ЕУ и со тоа да ја обезбедат иднината.

„Република Македонија од моментот на својата независност плати висока цена за бројните конфликти и војни во нашето соседство. Членството во НАТО е шанса да се стави точка на овие стравувања. Работиме на тоа целиот Балкан да биде стабилен регион, а пред се`, работиме нашата држава и нашите граѓани да бидат безбедни. Без безбедност и стабилна и просперитетна економија тоа не е можно. Очекуваме граѓаните во Македонија во огромно мнозинство да го поддржат нашето членство во НАТО и ЕУ“, истакна министерката за одбрана.

Слична порака прати и вториот човек во американската амбасада во Македонија – дека НАТО најдобро може да обезбеди стабилност на земјата.

„Знаеме дека стабилноста и безбедноста раѓаат просперитет, а просперитетот го гарантира развојот. Сметам дека Македонија ќе биде идна членка на НАТО, а за тоа има поддршка од САД“, рече Микаела Блум.

Американските сили ќе останат на Криволак до 20-ти август, полигон кој доби сертификат и за обука на воздухопловни сили.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG