Линкови за пристапност

Стартуваше имплементација на Договорот за името


Mакедонската влада го усвои законот за ратификација на Договорот, по што тој е пратен во Собранието

Стартуваше имплементација на договорот за името што Македонија и Грција вчера го потпишаа во Преспа. Mакедонската влада го усвои законот за ратификација на Договорот, по што тој со европско знаме, што подразбира негово усвојување по брза постапка, е пратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван со обично мнозинство. Законот за ратификација потоа се испраќа на потпис кај претседателот Иванов кој има рок од една седмица да го потпише. Ако шефот на државата повторно, како во случајот на законот за јазиците, се реши да не го потпише законот, тој пак оди во собраниска процедура каде сега мора да биде поддржан од најмалку 61 пратеник. Во такво сценарио договорот пак оди кај Иванов која тогаш, според Уставот, мора да го потпише.

Јавноста останува поделена за договорот, како и за синоќешните протести пред собранието кои ескалираа во судир меѓу полицијата и демонстрантите кои не се согласуваат со договорот кој предвидува промена на името во Република Северна Македонија и деблокада на евроинтеграциските процеси на земјата.

Денеска пред зградата на Собранието нема видливи знаци од синоќешните немири - според МВР, полицијата била принудена да интервенира.

„На вечерашниот протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец“ – соопшти МВР.

Меѓу предводниците на протестот беше првиот човек на проруската партија „Единствена Македонија“ Јанко Бачев, кој со руско во едната и со знаме со сонцето од Вергина во другатра рака се качи на еден од полициските оклопни транспортери кои беа употребени за да се расчистат демонстрантите од пред собранието.

Билансот е седум повредени полицајци и 26 приведени граѓани.

Дел од медиумите кои важат за блиски до ВМРО-ДПМНЕ објавуваат дека полицијата брутално постапила и дека удирала недолжни граѓани. Опозицијата пак, вчера, само неколку часа по потпишувањето на договорот одржа протест во Битола за да повтори дека е против и дека владата на Заев мора да падне поради, како што изјави лидерот на партијата Мицкоски, продажба на националните интереси.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG