Линкови за пристапност

Зошто сега и што носи новата реконструкција на Владата?


Зошто сега и што носи новата реконструкција на Владата?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и посветено ќе ги извршуваат своите обврски, изјави премиерот Зоран Заев

За премиерот станува збор кадровско зацврстување со министри и заменици од нови партии во владејачката коалиција, за ВМРО-ДПМНЕ е пазарџиски потег за окрупнување на мнозинството со нови пратеници – така помина расправата за мини-реконструкцијата на владиниот кабинет. Власта и опозицијата се конфронтираа за тоа зошто сега и со кои кадри се освежува владата на Заев точно една година по нејзиниот избор. Премиерот чекорот го образложува со потребата од зајакнување на капацитетите, заради тешките реформи и прашања што претстојат, а опозицијата не му верува, тврдејќи дека презема несуштински потег - наместо да ги смени министрите кои не покажале резултатите, тој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, прави само политичка „шминка“.

„Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и посветено ќе ги извршуваат своите обврски согласно законот и определбите на владата за исполнување на стратешките интереси на РМ“, изјави премиерот Зоран Заев.

„Денешниот предлог за реконструкција на владата е пазарџиска реконструкција која нема политичка содржина и политичка порака освен со зголемување на мнозинството со неколку праетници од сегашната опозиција. Премиере, она што не го правите денес, а сите го очекуваат е реконструкција на владата во ресорите во кои нема резултатите или пофрлања - труд и социјала, економија“, подвлече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Резултатите се видливи во Македонија и ќе ги видите колку и да сакате да зборувате дека е тоа идно време, резултатите веќе ги има, сепак да не заборавиме од каде почнавме“, истакна Заев.

„Вие и вашата министерка кои најавивте реформи, најмногу потфрливте, се` што ветивте, ништо не исполнивте. Вие сте овде прв и најповикан денеска да даде оставка зашто тоа столче не го заслуживте. Реформа не е да се тргува со националните и државните интереси“, кажа Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во клучен момент, како од аспект на разговорите за името, така и од апсект на задачите што ЕУ очекува да се завршат, премиерот се реши на 4 министерски и 4 заменички смени во владата – местата испразнети со заминувањето на Алијансата за Албанците, Заев ќе ги пополнува со кадри од 3 нови партии - ДПА, Беса на Африм Гаши и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам. Ресорот критичен за реформите во судството - правда го презема Рената Дескоска која се сели од образование каде пак за министер оди нејзиниот заменик Арбр Адеми. Местото на Роберт Алаѓозовски во култура му се отстапува на Асаф Адеми, а за министер без ресор е предложен Бардул Даути. На листата за заменици-министри во надворешни работи, здравство, труд и социјала и транспорт се Андреј Жерновски, Асим Муса, Ѓонул Бајрактар Садик Беќири.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG