Линкови за пристапност

Правни импликации на решението за името


Правни импликации на решението за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Експерти сугерираат дека промената на Уставот не би била едноставна операција и дека може да се одрази во други области во македонското општество

Евентуалната промена на Уставот на државата, нешто што го бара Грција во преговорите за решение на спорот за името, дополнително ќе отвори и други прашања кои можат да бидат непријатни за Македонија, вели за Гласот на Америка универзитетскиот професор Никола Тупанчевски. Според него македонските власти мора да водат сметка за т.н. црвени линии за кои не смее да се разговара.

„Тоа е систем на сврзани садови. Што значи менувањето на Уставот како формален чин, како правен чин? Правните импликации можат да бидат многу непријатни за Македонија. Тоа е отворање на Пандорината кутија. Може да претставува и потик за некакви меѓуетнички тензии. Можат да се оспорат некои комплеменетарни елементи кои би значеле консеквенција на менување на некои одредби на Уставот“.

За професорот Самир Салиевски, барањата на Грција за уставни измени, претставуваат директно мешање во внатрешната политика на државата.

„Сето тоа би можело да се реши во поглед на меѓународното право, во правец на постигнување на некои меѓународни договори со Грција, а никако со промена на Уставот, бидејки некоја друга внатрешна страна би можела да го искористи за протнување на некои свои барања и отворање на некои други прашања“.

Тупанчески додава дека за Грција нема да биде прифатлив меѓународен договор, во замена на промена на Уставот. Салиевски пак дека Македонија треба да биде претпазлива и за опцијата ерга омнес.

„Грчката страна нема до крај да биде задоволна бидејки меѓународниот договор со тек на времето можеби ќе може да претрпи некакви измени, а она што ќе се направи во Уставот го сметаат за бетонирано како поцврста гаранција и дека со доаѓањето на некоја нова власт во иднина нема уште еднаш да ги ревидираат одлуките што ги донела актуелната власт“, смета професорот Тупанчески.

„Ерга омнес не би можеле да прифатиме, затоа што од голем број на држави, ние сме признаени под уставното име. Со самото прифаќање на тоа, би оделе во правец дека самите ние не го прифаќаме нивното признавање“, вели Салиевски.

Двајцата соговорници очекуваат дека во догледно време и другата страна ќе има малку повеќе разбирање за значењето на ова прашање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG