Линкови за пристапност

Амбасадорот Васко Наумовски „гази на тенок мраз“


Амбасадорот Васко Наумовски „гази на тенок мраз“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Од МНР велат во тек е постапка за расчистување на случајот поврзан со посетата на министерката за одбрана Шекеринска на САД

Однесувањето на македонскиот амбасадор во САД, со игнорирашето на посетата на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на Вашингтон, го вознемири врвот на македонската дипломатија во Скопје. Од МНР, за „Гласот на Америка“ велат дека во тек е постапка за расчистување на случајот. Наведуваат дека Амбасадата во САД и амбасадорот, биле навреме информирани и инструирани за еднонеделниот престој на министерката во САД.

„Но, амбасадорот не се појавил ниту на пречекот, ниту на испраќањето на Делегацијата, туку само испратил претставник на амбасадата – дипломат во својство на возач на едно од возилата. За време на посетата, амбасадорот воопшто не стапил во контакт со делегацијата, ниту пак изразил било каков интерес за текот на посетата што цениме дека е недозволиво за вака исклучително значајна посета“, соопштуваат од МНР. Постапката на Наумовски ја обелодени министерката за одбрана која неговото однесување и неприсуство на средбите во Вашингтон го оцени за скандалозно.

Ова не е прв случај во кој Наумовски постапил спротивно на инструкциите на Скопје. Тој, како преговарач за името, веднаш по завршувањето на рундата-разговори во јануари годинава, без да ги информира претпоставените, излезе со изјава дека предлозите кои медијаторот Нимиц им ги презентирал на двете страни се далеку од достоинствено решение. Оттогаш, Наумовски, кој во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше назначен за амбасадор, веќе не се појави како македонски преговарач на некоја од средбите со грчките претставници.

Очигледно е дека постапката на амбасадорот да не ја следи посетата на Шекеринска во земјата каде тој е акредитиран амбасадор, дополнително ги влоши неговите релации со МНР. Прашањето е што ќе следи. Една од можните мерки, кои како инструмент ги има МНР, и кои би можеле да се преземат во ваков случај, е тој да биде вратен во Скопје на консултации каде би останал се додека не му заврши мандатот како амбасадор кој му истекува кон крајот на годината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG