Линкови за пристапност

Македонските власти постапуваат по забелешките на Стејт департментот


Реакции по извештајот на Стејт департментот за човекови права
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Корупцијата останува еден од клучните проблеми со кои се соочува Македонија, а тоа е нотирано и во последниот извештај на Стејт департментот за ситуацијата со човековите права во земјава. Корупцијата, заедно со тортурата во затворите, мешањето во приватноста, отсуството на судска независност, насилството врз новинарите е на врвот проблеми што се детектираат во извештајот. Надлежните се согласуваат со наодите, објаснувајќи дека се забележуваат трендови на намалување на бројот на случаи на корупција.

„Ние го анализираме извештајот на Стејт департментот и сите појави што се споменуваат. Ако ги земеме предвид бројките во однос на криминалитетот, а пред се во овој период имаме злоупотребување на службената положба и овластување за 111 проценти од она што било претходно. Тоа значи дека сме отвориле еден широк фронт на борба против корупцијата и тоа не се однесува само на поранешните структури кои биле дел од власта, а кои секако поради долгиот временски период на власт имале поголема можност да прават такви работи за кои не биле преземани мерки“.

Во однос на состојбата со безбедносните служби за кои, и во извешатјот на Стејт департментот се нотира дека се уште го имаат монополот во делот на прислушувањето, првиот човек на македонската полиција уверува дека со неодамна усвоените закони реформските решенија набрзо ќе се имплементираат.

„За реформа на безбедносните структури се зборува долго време, а веќе се преземаат конкретни чекори, усогласени се закони кои се усвоени во Собранието и оти таа реформа сигурно ќе профункционира до крајот на годината“.

Во извештајот на Стејт департментот се забележуваат активностите на надлежните за утврдување на виновниците за масовното нелегално прислушување и нивно санкционирање, како и процесот на утврдување на одговорните за насатните од крвавиот 27-ми април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG