Линкови за пристапност

Членство во ЕУ останува приоритет за македонските граѓани


Членство во ЕУ останува приоритет за македонските граѓани
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Македонија треба и мора да биде членка на ЕУ, смета мнозинството од граѓаните во Македонија. Ова го покажува последната анкета која ја објави Институтот за европска политика, а која ја спроведе кон средината на ноември минатата година на 1.200 испитаници. Станува збор за дебатна анкета креиреана од Универитетот Стeнфорд од САД, прва од овој тип во државата.

На испитаниците им беа поставени прашања пред и по јавна расправа, во која учествуваа спикерот Џафери, министерот за надворешни работи Димитров, неговиот претходник Попоски и експертот Беса Арифи. Она што може да се забележи, е промената на перцепциите на граѓаните по националната дебата за ЕУ.

Шеесет отсто од испитаниците сметаат дека членството на државата во ЕУ е клучно и неопходно, а од друга страна, само 5 отсто се на ставот дека членството во ЕУ и НАТО е непотребно, Александар Јовановски Институт за Европски политики.

Граѓаните сметаат дека за евроинтергација на Македонија се потребни итни демократски и економски реформи. Дури 85 отсто сметаат дека мора да имна реформа во судството а 75 отсто реформа во владеењето на правото.

Евидентни се позитивните очекувања од економските реформи и вклучување на земјата во економските текови на ЕУ. Повеќе од половина од испитаниците се изјасниле дека членството во ЕУ ќе го подобри животниот стандард, ќе донесе нови инвестиции, ќе го подобрзи здравствениот систем и ќе донесе поголема слобода на медиумите.

Изминатиов период повторно се актуелизираше влијанието на спорот со името околу членството на Македонија во ЕУ и НАТО кое е можеби најчувствителното прашање во домашната јавност и сериозно влијае врз перцепциите за ЕУ.

Речиси половина од анкетираните сметаат дека решение на спорот со името е клуч за влез во ЕУ и НАТО додека по прашањето околу евентуалната промена на името односите се изедначени. Една третина сметаат дека Македонија треба да го смени уставното име а 28 отсто би се спротивставиле на тој потег дури и ако јазикот и идентитетот останат загарантирани.

Европската Комисија утре ќе ја претстави Стратегијата за Западен Балкан каде се предвидува почеток на преговори на Македонија со ЕУ во 2019-та. Во најновата верзија на Стратегијата стои дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, „но не во состојбата во која се наоѓаат денес“.

Медијаторот Нимиц при последната посета истакна дека решението е прашање на недели, а не на месеци, ова го потврди и македонскиот политички врв од каде во неколку наврати беше истакнато дека решението треба да биде сега, бидејќи во спротивно ќе остане нерешено и во наредната деценија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG