Линкови за пристапност

Македонија во „Рајските документи“?


Дали македонски државјани се во „Рајските документи“?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Аферата „Рајски документи“ – милиони документи за оф-шор инвестиции на славните и богатите, како форма на даночно затајување, може да ја зафати и Македонија. Надлежните во земјава се внимателни во одговорите за оваа тема што изминатите два дена го тресе светот. Но, не демантираат дека се водат истраги за македонски државјани кои се дел од шемата на вложување пари во „даночни раеви“.

- „Има ли Македонци во „Рајските документи“?

„Да, случај има. Неколку случаи кои се активни и се работата во финансиска полиција. Наскоро и јавноста ќе биде запознанена. Станува збор за фаза на предистражна постапка. Сега не е моментот да излегуваме со некои работи“, изјави Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција.

- Политичари, бизнисмени?

„Има. Од сите сфери“, рече Муареми.

Токму во екот на светскиот скандал со „Рајските документи“, во Скопје се одржа меѓународна конференција за перењето пари, идентификувањето високоризични клиенти и следењето и откривање на сомнителни трансакции.

„Утрово кога доаѓав во автомобилот свиреше U2 што е соодветно зашто Боно е еден од вмешаните во „Рајските документи“ за обиди преку оф-шор дестинации ги сокрие своите инвестиции. Никој не е имун од она што значи поголем профит и избегнување давачки кон државата. Овде сме да адресираме глобален проблем од микро ниво“, истакна Ленче Ристовска, обвинителка во СЈО.

Првиот човек на полицијата потсети и на безбедносниот аспект од целото прашање - дека перењето пари е еден од основните елементи во финасирањето тероризам.

„Институциите задолжени за спроведување на законот треба и мора со соодветен интензитет да ја унапредуваат и прилагодуваат својата подготвеност за ефикасно спротивставување кон предизвиците што ги носи феноменот на перење пари. Особено во делот на квалитетно кадровско екипирање и нормативна поставеност и опсег“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Во лани објавените „Панама документи“, кои според обемот, беа само своевдина увертира во „Рајските документи“, се потврди дека најмалку тројца македонски бизнисмени, дел од нив блиски со тогашната владејачка партија, користелe оф-шор компании за да го сокријат своето богатење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG