Линкови за пристапност

Македонија - Промени во Законот за заштита од дискриминација


Се изготвуваат измени на законот за заштита од дискриминација
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

По неколкугодишни критики од меѓународната заедница, во земјата се привршува со измени на актуелното решение кое не претставуваше соодветна рамка за целосна заштита на сите категории граѓани

Во нацрт-текстот, една од клучните новини е што се предвидува проширување на основите за дискриминација, вклучувајќи и дискриминација по основ на сексуална ориентација, чие изземање беше една од суштинските забелешки.

„Како што сите знаете има пречки при имплементирањето на постојниот закон вклучувајќи ја и потребата од подобрување на прецизирањето“, вели Џефри Голдстајн, заменик-шеф на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

Целта на овој нацрт е да се надминат недостатоците од актуелното решение и од аспект на комплицираната надлежност меѓу Комисијата за заштита од дискриминација и судовите.

„Овој текст е работен подогло време и се укажуваше на проблемите од Законот – не само во делот на основа за дискриминација, како што е сексуалната дискриминација, туку и во делот на она што го работи комисијата, чија надлежност, кога се вклучува судот“, изјави Маргарита Цаца Николовска, која е правен експерт.

Дел од граѓанскиот сектор смета дека предлог - решението ќе ја подобри ситуацијата особено во делот на решавање на појави на дискриминација.

„Во однос на заштитата на правата на ЛГБТ лицата во Македонија, особено во делот на антидискриминација, континуирано постои зголемување на пријавени случаи и случаи на нерешавање“, истакна Антонио Михајлов, од

Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста, „Субверзивен фронт“.

Европската Унија, но и американскиот Стејт департмент континуирано порачуваа дека има потреба од законско допрецизирање во сегментот на дискриминација според сексуална ориентација, но и јасна подготвеност на надлежните за санкционирање на какви било појави на напади мотивирани токму поради различна сексуална ориентација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG