Линкови за пристапност

Се одлучува за екстрадиција на Грујевски и Бошковски


Апелациониот суд во Солун одлучува за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Апелациониот суд во Солун треба да одлучи дали ќе им одреди екстрадициски притвор на поранешните началници во УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои беа уапсени по распишана меѓународна потерница од Интерпол

Според официјалните информации на грчките власти, двајцата поранешни полициски функционери вчера биле изведени пред истражен судија каде дале свој исказ. Тие ги отфрлиле обвинувањата за кои се теретат во Македонија, тврдејќи дека се невини и дека станува збор за политички прогон. Побарале да не бидат екстрадирани во Македонија бидејќи „стравувале за својата безбедност и животи“.

Грујевски и Бошковски беа уапсени вчера околу 15 часот на солунскиот аеродром. Тие користеле бугарски патни исправи. Грујевски го користел идентитетот Христо Атанасов, а Бошковски Неџби Хасан. Речиси е сигурно дека патните исправи се фалсификат, но се` уште се чека официјална потврда од бугарските надлежни органи.

Информацијата дека сакале да заминат за Будимпешта не е потврдена и најверојатно е неточна, бидејќи проверките покажуваа дека вчера немало ниту еден лет од солунскиот аеродром кон таа дестинација.

Министерството за правда веќе ја подготвува документацијата со барањето за екстрадиција на двајцата бегалци, којашто до грчките колеги ќе ја достави во најкус можен рок. Доколку судот во Солун одлучи тие да бидат предадени на македонските власти, процесот на екстрадиција може да трае и до неколкиу месеци. Иако Македонија и Грција немаат билетерален договор за екстрадиција, тоа не претставува проблем бидејќи соработуваат врз основ на Хашката конвенција.

Грујевски и Бошковски се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. Истрагата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), покажа и докажа дека тие биле дел од масовното нелегално прислушување на граѓаните, кои со години го вршела Петтата управа на УБК, со која тие раководеле. Исто така, двајцата учествувале и во уништување на опремата, за да се сокријат трагите од нелегалното прислушување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG