Линкови за пристапност

Локални избори: Што се случи?


Анализа на изборите во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Најголемото изненадување по првиот круг за локалните избори се 121.000 гласови помалку за ВМРО-ДПМНЕ споредено со ланските парламентарни избори. Прашањето за кое се дебатира во политичките кругови е како оваа партија за само 10 месеци, од апсолутен лидер стана најголемиот губитник. Дел од познавачите на состојбите за „Гласот на Америка“ причините за ваквиот резултат ги бараат во неколку елементи.

„Тоа е на авторитарниот карактер на македонскиот електорат што се приклонува кон власта, и втората е пораката што гласачите на ВМРО-ДПМНЕ му ја праќаат на сегашното раководство, а тоа е порака за промени и реформи. Неговиот изборен слоган „Нова ера“ инидицираше дека тој разбрал дека ваквото владеење на ВМРО-ДПМНЕ не му носи ништо добро и дека е потребна промена. Во неговиот класичен манир, тој се обиде таа промена да ја супституира со реклама, а не со суштина. Мислам дека како и сите балкански лидери, тој ќе се обиде да реформира се` освен себе си, но на половина пат ќе увиди дека рибата смрди од главата и дека треба да се влезе во посериозна реформа“, вели аналитичарот Петар Арсовски.

Дебaкалот на ВМРО-ДПМНЕ Андреја Стојковски од Евротинк Македонија го гледа низ призмата на три точки.

„Долгиот трансфер на власта, 27-ми април се` уште оди во полза на СДСМ, останувањето на Груевски и на криминалното крило во ВМРО-ДПМНЕ ја влечат партијата надоле“, истакна Андреја Стојковски од Евротинк Македонија.

Во изјавата по првиот изборен круг Никола Груевски најави дека тој како лидер има најголема одговорност за ваквите резултати, меѓуредови најавувајќи ја можната оставка. Прашањето е што за Македонија би значела нова ситуација на силна власт и слаба опозиција.

„Силна опозиција значи силна власт, слаба опозиција значи забегана власт. Сакам да испратам порака до политичкиот опонент за поголема конструктивност“, подвлече претседателот на СДСМ.

Она што аналитичарите го навестуваат, но и јавноста го очекува е дека по 29-ти октомври кога ќе се гласа за избор на градоначалник во останатите 35 општини, македонското политичко милје ќе претрпи сериозни промени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG