Линкови за пристапност

ОБСЕ: Изборите генерално беа во согласност со меѓународните стандарди


Се вели во соопштението на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за шестите по ред локални избори во Македонија

Во тукушто објавеното соопштение, мисијата на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека се надева оти ова ќе придонесе за натамошен одржлив развој на локално ниво, со цел подобрување на животните услови за сите граѓани.

Според ОБСЕ локалните избори во Македонија биле компетитивни и се почитувале фундаменталните слободи и покрај веродостојни наводи за прекршувања, како купување на гласови, вршење на притисок врз гласачите и изолирани случаи на насилство, за време на предизборниот процес.

„Процесот се` уште не е завршен, но на овие избори се виде напредок во демократскиот процес во државата, како и подем на довербата на гласачите. Се надеваме дека ќе продолжи и во вториот круг“, додаде Одри Гловер, шефицата на мисијата на ОБСЕ.

Во сите нивоа од локалните избори во неделата, воедно им беше обезбеден пристап и на граѓани-набљудувачи, придонесувајќи за транспарентноста и непартиската оценка на процесот. На денот на изборите беа акредитирани преку 3.000 набљудувачи, се наведува во соопштението на ОБСЕ/ОДИХР .

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG