Линкови за пристапност

Избори: Иднината на Вевчани


Предизвиците на идниот градоначалник на Вевчани
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Најмала по територија, со само едно населено место, но и со најмал број на жители – 2.500. Тоа е општината Вевчани - карактеристична по многу нешта. Со убедливо најмал годишен буџет од околу 120.000 евра, доволен само за најосновните потреби, односно за плати на вработените и други тековни трошоци, идниот градоначалник на најмалата македонска општина ќе има сериозни предивици пред себе.

За градоначалничката фотеља во игра се досегашниот Цветомир Угриноски од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Јанкоски од СДСМ. Угриноски вели дека Вевчани е специфична и по тоа што е општина со најмногу искористени европски пари во последните години. Јанкоски пак, тврди дека ова е општина со богат потенцијал.

„Ние имаме искористено (без последните инвестиции што не се влезени), по 165 долари по глава на жител, со што сме водечка општина по искористеност на европски пари и на пари од Светска Банка“, вели Угриновски.

„Силно е по ресурси и потенцијал. Овде мислам на кадровски потенцијал, бидејки има доста млади и високо образовани лица, кои за жал, го напуштаат Вевчани да си најдат подобра работа“, подвлече Јанковски.

Обајцата сметаат дека Вевчани треба да продолжи да го развива руралниот туризам зашто тоа е неговата иднина. Вевчанските извори и надалеку прочуениот Вевчански карневал, треба да се искористат уште повеќе.

„Сега имаме други проекти кои ги подготвуваме, како велосипедски патеки, бидејќи знаеме Вевчани како треба да се развива. Сакаме да ја направиме и куќата за туризам која ни е многу важна. Тука се и двата музеја, Музејот на карневалот и Музејот на вевчанската носија и предмети кои се употребувале“.

„Во делот на руралниот туризам, Вевчани кубури со места за сместување, преноќување, и тука ќе се даде главниот акцент во реставрирање на старите објекти и адаптација во ресторани и места за преспивање и планинарење“, истакна Јанковски.

Вевчани е и единствено место кое располага и со свои пари, познати како Личници иако се користат само како сувенири, но и со свој т.н. Вевчански пасош.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG