Линкови за пристапност

„Немој да гласаш за мене“ – порака на локалните избори во Македонија


Кампања: Немој да гласаш за мене
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Јадранка Бибан од општината Дебарца на граѓаните им се обраќа со пораката немој да гласаш за мене, а како што вели, се пријавила само за да може да ти кажам нешто важно за здравјето и живот

Иако настапува како независен кандидат за градоначалник на малата општина Дебарца, близу Охрид, Јадранка Бибан се издвојува по нејзината иновативна кампања и уникатен пристап кон гласачите. Наместо разни ветувања преку нејзиниот слоган таа им порачува - „Немој да гласаш за мене, се пријавив само за да можам да ти кажам нешто важно за твоето здравје и твојот живот“.

Бибан, која по професија е слободен лекар-едукатор за Гласот на Америка раскажува дека не станува збор за никаков маркетиншки трик.

„На социјалните мрежи имаше многу коментари, и многумина од маркетинг индустријата, коментираа дека тоа е трик. Но, јас секогаш одам искрено и она што го зборувам, и го мислам“, изјави Јадранка Бибан, независна кандидатка за градоначалник на Дебарца.

Таа додава дека се обидува да ги користи сите можни прилики за да ја прошири вистината за здравјето на луѓето, и дека ова бил еден од начините да го стори тоа.

„Навистина реков дека мене не ми треба глас, мене ми треба твоето внимание. Примете ја мојата порака и следете ги моите препораки. Кога јас би се запрашала дали јас навистина сакам да бидам градоначалник во некоја канцеларија во некоја установа и по сите овие класични методи да раководам, би се запрашала дали тоа ќе го прифатам“, истакна Бибан.

Таа е голем противник и на идејата за изградба на регионална депонија на територијата на Дебарца. Беше активен учесник и во неколкуте протести кои досега се организираа поради ова прашање.

„Тоа значи дека е за мене уште една прилика да им порачам на луѓето дека нивното здравје е пред се` и над се`. Затоа изборот кој ќе го направат во оваа кампања нека биде избор на здравје. Ова сакам да го порачам не само на жителите на Дебарца“, вели таа.

Инаку кампањата на Бибан успеа да го привлече вниманието на јавноста и на социјалните мрежи. Таа е една од првите лекари на овие простори кои зборуваат за потребата од примена на традиционалната медицина во лекувањето на тешки болести. Покрај неа, во трката за градоначалник на Дебарца влегуваат и актуелниот градоначалник Игор Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ногачески од СДСМ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG