Линкови за пристапност

Задолженоста на Охрид - главен предизвик за новиот градоначалник


Задолженоста на Охрид - главен предизвик за новиот градоначалник
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Тројцата кандидати во трката посочуваат и на проблемот со иселување на младите и на урбанизацијата на градот како високи приоритети за новата локална администрација

Охрид треба да добие нов градски татко, бидејќи актуелниот градоначалник Никола Бакрачески, одлучи да не учествува во трката за нов мандат. Покрај тоа што Охрид е лидер како најзадолжена општина во Македонија, еден од главните проблеми е и масовното иселување особено на млади луѓе.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, лекарот Митко Тилевески, вели дека од општината сака да направи вистински сервис за граѓаните. Тој додава дека ќе се залага и за отворање на нови туристички капацитети, поголема промоција на градот во светски рамки, како и воведување на нови, ниско-буџетни авионски линии.

„Ќе направиме да доаѓаат поголем број туристи, а локалното население ќе има корист од тоа. Ќе работиме на отворање нови работни места во локални фабрики или со странси инвестиции, за да ги задржиме младите луѓе да останат во градот, но и да вложат во градот, со цел да се создаде просперитет“, рече Талевски.

За неговиот противкандидат од СДСМ, универзитетскиот професор Јован Стојаноски, на Охрид му е потребен туризам 365 дена во годината.

„Треба да се зајакне користењето на аердромските услуги, како и да се подобри патната инфраструктура. Со тоа ќе го извлечеме Охрид од моменталната сообраќајна неповрзаност. Така би се отвориле поголема можност за подобри инвеститори и за повеќе странски гости, а би ја зајакнеле и демографската структура и би го спречиле иселувањето“, смета Стојаноски.

Тој додава дека блокираната сметка и високата задолженост на општината се сериозни проблеми кои би се решавале во соработка со централната власт.

Независниот кандидат Стевче Стевоски, вели дека има неколку причини поради кои решил да се кандидира.

„Прв приоритет ќе биде создавање на нова, професионална и непартиска администрација во општина Охрид. Ќе треба да се уреди урбанистичкиот план на градот, односно враќање на законите кои централната власт му ги одзеде на градот во 2013-та година“, изјави Стевоски.

Според него, уредувањето на градот Охрид и неговата околина, треба да биде по желба на граѓаните и меѓународните институции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG