Линкови за пристапност

Што ветуваат кандидатите за градоначалник на Струга


Што ветуваат кандидатите за градоначалник на Струга
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Граѓаните на Струга на претстојните локални избори ќе можат да бираат меѓу шест кандидати за градоначалници и исто толку листи за советници. Гласот на Америка разговараше со тројца од нив

Се ветува решевање на основните проблеми со кои градот се соочува, јавниот транспосрт, дивата депонија, проблемот со водата за пиење, како и подобри меѓуетнички односи.

Стружани на локалните избори на 15-ти октомври ќе избираат помеѓу шест кандидати за градоначалници и исто толку листи на советници. Меѓу приоритети за кои се залагаат се економски развој на градот, како и решавање на клучните проблеми со водата за пиење и сообраќајот, но и дислокација на градската дива депонија.

Рамиз Мерко кој во два мандата во периодот од 2005-та до 2013-та година беше градоначалник на Струга, вели дека ќе се залага и за подобри меѓуетнички односи.

„Прво и најважно сум рекол, и во програмата стои дека ќе ја сопрам миграцијата на младите со тоа што ќе создадеме можности за привлекување на инвестиции било тоа да се странски било од домашни компаниии. Ќе ги субвенцуонирам младите под 29 години“, истакна Рамиз Мерко, кандидат за градоначалник на Струга од ДУИ.

За втор мандат се кандидира и Зијадин Села од Алијансата на Албанците, откако во декември по парламентарните избори од градоначалник замина за пратеник. Вели дека ќе продолжи со проекти кои ќе имаат за цел Струга да го врати туристичкиот сјај.

„Во овие четири години ќе го решам проблемот со паркинзите, ќе се реши јавниот транспорт во Струга и се` повеќе ќе имаме јавни простории кои ќе бидат во корист на граѓаните и туристите, бидејќи Струга како туристички град му припаѓа на целиот свет. Затоа што е и клучна општина за Албанците, бидејки тука мнозинството на населението е албанско, но Струга е интерес и на сите граѓани“, вели Села.

СДСМ на овие локални избори ќе настапи со Васко Ашталкоски, кој ветува живот за сите во Струга.

„Ќе дадеме можност за секој квалитетен кадар без разлика на етничката и верската припадност. Ќе градиме заедништво и нови мостови. Отвораме врата за секој чесен и доброманемерен. Воведуваме концепт на работа и максимално отворена општина, максимално посветена на проблемите на граѓаните“, рече Ашталкоски.

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е со кандинатот Сејад Солакоски, движењето БЕСА со Лавдрим Елмази, а Насто Палиоски ќе биде кандидат на Народното движење на Македонија. Менди Асани од ДПА се откажа од трката.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG