Линкови за пристапност

Димитров: Македонија да се ослободи од предрасудите


Димитров: Македонија да се ослободи од предрасудите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

На прва прес-конференција по враќањето од Њујорк, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, сугерираше соочување со проблемот за името

Нема преговори за прашањето за името – вели шефот на дипломатијата во првиот јавен настап по враќањето од Њујорк, каде меѓу другото се сретна и со својот грчки колега Коѕиас. Никола Димитров вели дека се` уште се исцртуваат контурите и се размислува за тоа во каков формат ќе се води процесот кој веќе неколку години е статус-кво. Она што се најавува е дека ќе има раздвижување по завршувањето на локалните избори, по кои се очекува и засилен ангажман на посредникот Метју Нимиц.

„Многу е важно да гледаме напред, да се извлечат идентитеските прашања од процесот и комункиација и разбирање на грижите на другата страна. Јасно е дека на Грција и пречи кога се објавуваат мапи со територија на Грција, како што и нам ни пречат мапи кои навлегуваат на наша територија“.

По изјавите на Коѕиас дека се разговарало за формирање комисии за разгледување на историските учебници, Димитров објаснува дека нема ништо лошо во разговори во кои ќе се утврди историскиот поглед што Скопје и Атина го имаат. Шефот на дипломатијата се надева дека Грција ќе разбере дека не е историски соодветно во 21-от век да се оспорува идентитетот на својот сосед.

„Разговаравме во основа, тргнувајќи од цитатот на Черчил дека Балканот содава историја што нема капацитет да ја процесуира, и сите наративи на балканските држави имаат историски предрасуди, кога 2 земји решиле да се смируваат, убаво е историчарите од една и од другата страна да седнат и да разговараат за наративите на двете земји – и за тоа како Грција не гледа нас и за тоа како ние ја гледаме Грција“.

Димитров, на моменти зборувајќи и во детали за прашањето, сугерираше дека Македонија мора конечно, без предрасуди да се соочи со проблемот, зашто како што вели, држењето во ровови ја ослабува земјата. Неговиата позиција е дека Македонија, мора да го фати возот штитетјќи го својот интерес, зашто успешно решение на проблемот би бил плус и за Скопје и за Атина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG