Линкови за пристапност

Поднесени кандидатурите за градоначалници и советнички листи


Поднесени кандидатурите за локалните избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Македонската Влада уверува дека ќе овозможи фер локални избори

За точно еден месец отсега Македонија ќе оди на локални избори. Веќе течат изборните рокови – партиите и независните кандидати ги поднесоа кандидатурите за градоначалници и советнички листи. Сметано од синоќа на полноќ општинските изборни комисии имаат 48 часа да ги проверат, утврдат и одобрат добиените кандидатури – ако забележат недоследности ги враќаат кај поднесителите кои пак имаат дополнителни 48 часа да ги комплетираат потребните документи. В понеделник ДИК ќе одржи жребање за распоредот на избирачките ливчиња. Една седмица подоцна – на 25-ти септември стартува изборната кампања. Ситуацијата на терен навестува интересна политичка трка, особено што последните испитувања на јавното мислење покажуваат предност на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ од нешто повеќе од 3 процентни поени. Владата на Заев која за првпат организира избори уверува дека ќе овозможи фер избори.

„Следуваат локални избори на кои граѓаните директно ќе одлучат на кого ќе му ја доверат довербата. Ќе обезбедиме услови за фер и демократски избори за сите граѓани на нашава земја директно да ја практикуваат најголемата придобивка на демократијата – да одлучат за себе“, истакна премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ овие избори се можеби клучни за неговата натамошна политичка кариера – евентуален пораз би довел до засилување на внатрепартискиот притисок за Груевски по 14 години да замине од лидерската позиција.

„Овие избори не се само обични избори за градоначалници и локални совети, ова се избори за Македонија. Во минатиот период владата покажа неспособност да се справуваат со проблемите на граѓаните“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Се очекува власта и опозицијата да се фокусираат пред се на поголемите места: Скопје, скопските Куманово, Битола, Штип, Прилеп, Охрид, Струмица... Во албанскиот политички блок за клучни општини се сметаат Тетово, Чаир, Гостивар, Струга, Кичево... Дали ќе има меѓусебна поддршка кај коалициските партнери - во игра се разни комбинаторики за што јасен показател е дека на пример, СДСМ нема свој кандидат во Чаир иако имаше одличен резултат во овааа општина во 2016, а ДУИ пак нема кандидат за Скопје.

Локалните избори се закажани за 15-ти октомври. Ќе се гласа за градоначаници и советници во 80 општини и во Градот Скопје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG