Линкови за пристапност

Приоритети пред локалните избори во Македонија


Приоритети пред локалните избори во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Во пресрет на локалните избори на 15-ти октомври, македонските граѓани се` уште се соочуваат со голем број на основни инфраструктурни проблеми, од неасфалтирани улици, до проблеми со водоснабдувањето, диви депонии во населените места.

Граѓаните на Охрид и Струга велат дека сакаат градоначалник кој ќе биде добар менаџер и ќе одговара на нивните потреби и барања.

Меѓу основните приоритети на градскиот татко, велат дека треба да биде и залагање за подолга туристичка сезона од неколку месеци, наспроти досегашната од неколку недели.

„Ние немаме автопат кој го поврзува Охрид со Скопје и патишта кој го поврзуваат Охрид со останатите регионални центри. Во еден таков туристички центар, ние немаме јавни тоалети. Без разлика кој градоначалник ќе дојде во Охрид, овде го очекува огромна работа“, изјави жител на овој град.

„На Охрид му треба градоначалник кој ќе работи многу, да ги среди улиците, тротоарите“.

„Градоначалник треба кој ќе е за луѓето, а не за себе. Ако е за луѓето, и луѓето ќе го сакаат него, ако не, кој ќе го сака? 48 години во Америка живеам, но од овде немам видено поубаво никаде“.

„Да се грижи за градот. Основни работи нема. Јавни тоалети нема за гостите. Да се спречи со бучавата проблемот. Нека е летно време до 1:00 часот, а не до сабајле. Се работи, не дека не се работи, но ова се најгорливи работи“, изјави друг жител на Охрид.

„Градоначалник што не ги дели луѓето, да ги претставува сите. Најпотребно е да се држат улиците чисти и да не паркираат автомобили по тротоарите. Туристот бара услови“.

Експертите коментираат дека се потребни непартиски личности за градоначалници, односно луѓе кои имаат искуство и докажан углед во заедницата каде што живеат.

„Градоначалниците треба да понудат некаква отчетност и програма која во Македонија, за жал, се` уште мора да биде сведена на основни инфраструктурни проекти. Градоначалниците не само што мора да го декларираат тоа во програмата, туку ќе мора да покажат некаков имплеметациски капацитет“, истакна аналитичарот Петар Арсовски.

„Треба нова култура, нов менталитет, треба нови луѓе. Треба да ги одржат ветувањата, да одредат една динамика и црвени линии после кои ако не ги реализираат да дадат оставки“, смета Шпетим Положани.

Инаку изборната кампања за локалните избори започнува на 25-ти септември, а граѓаните ќе имаат можност да бираат помеѓу неколку опции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG