Линкови за пристапност

САД се посветени на стратешката цел на Македонија-членство во НАТО


САД остануваат посветени на членство на Македонија во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Новото уверување од Вашингтон до Скопје дојде од американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли

Амбасадорот на САД во РМ, Џес Бејли, за време на обраќањето на конференција за патот на Македонија кон Алијансата, изрази поддршка, но побара и земјата да ги исполни на преземените обврски.

„Ја поздравуваме новата енергија и креативноста во Македонија за подобрување на односите со соседите. Истовремено, ги препознаваме многуте предизвици и реформи што треба да се преземат. Денеска ве уверувам дека САД остануваат партнери на Македонија во овие напори. Процесот може да се подели во три области за кои ние ќе помагаме, земјата мора да се посвети на итните демократски реформи, Македонија мора да продолжи да инвестира во модернизацијата на вооружените сили и мора да ги унапредува односите со соседите, како што и видовме во случајот со Бугарија“.

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров ги повтори заложбите на новата влада за влез во НАТО - очекувањата се Македонија да биде наредната членка.

„Сметаме дека треба што поскоро Македонија да стане членка на НАТО, впрочем како што претходно кажав бројот 30 е посолиден, позаокружен број од 29. Ние сакаме да бидеме 30-та земја-членка на НАТО“.

Тој додаде дека за оваа цел владата се посветила и дома и надвор и дека, поучена од лошото искуство, сака да изгради демократија и цврсти институции, а не цврста рака на владеење. Димитров најави дека во наредниот период Македонија ќе го засили учеството во мировните операции за 20 проценти, а буџетот за одбрана ќе се зголемува за 0.2 годишно.

„Членство во НАТО ќе овозможи сигурна атмосфера за исполнување на предизвикувачките и сложени реформи со кои земјата ќе се соочува во наредните години“, истакна Томас Норберт Герберих, амбасадорот на Германија во Република Македонија.

Утре Димитров во Скопје го дочекува својот грчки колега, Никос Коѕиас, и за два месеца, ова ќе биде нивна втора средба. Очекувањата се поделени од исходот на состанокот, којшто доаѓа во период на интензивирани дипломатски контакти и напори за зајакнување на добрососедската клима. Ова се елементи неопходни за суштинско рестартирање на преговарачкиот процес за името, од чие решавање и зависи зачленувањето на Македонија во НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG