Линкови за пристапност

За Македонија претстои бурно дипломатско лето


За Македонија претстои бурно дипломатско лето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Ова го најавуваат серијата посети на високи претставници на меѓународната заедница и Европската Унија

Реформите и односите со соседните држави се во преден план на Владата, судејќи по потезите кои ги влече премиерот Зоран Заев и неговиот кабинет. Утре во Скопје пристига специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, на покана на македонската влада. Тој ќе остане во Скопје до вторник кога ќе замине за Атина.

Од канцеларијата на Генералниот секретар на ОН соопштија дека Нимиц доаѓа во Скопје за да ја продолжи дискусијата и да се најде начин да се постигне напредок во разговорите за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.

Кон средината на јули во Скопје повторно се враќа експертскиот правен тим на ЕУ предводен од Рајнхард Прибе. Тој веќе го има кај себе „Патоказот“ - акцискиот план за реформите на Владата и се очекува да ги соопшти своите забелешки околу планот, односно темпото со кое би се спроведувале приоритетните реформи.

Прибе веќе ги скенираше состојбите во Министерствата за внатрешни работи и правда, а имаше и средба со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Се очекува за време на втората посета да соопшти кои би биле следните чекори.

Она што ја одбележа посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и средбата со премиерот Заев, е оптимизмот од двете страни. Хан изјави дека е задоволен од тоа што го гледа, и од динамиката со која се работи, но додаде дека реформите се потребни за да се создаде модерно општество и држава којашто ќе работи во интерес на граѓаните, а не само за да се задоволат претставниците на Европската Унија.

Премиерот Заев, пак истакна дека со спроведувањето на рефомите во клучните области кои беа наведени во извештајот на Прибе, очекува идната година Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Унијата.

Во меѓувреме, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, присуствуваше на состанокот на НАТО, и во своето обраќање побара Македонија што е можно побрзо да стане полноправен член на Алијансата.

Сепак, посетите на преставниците на ЕУ и меѓународната заедница, не го омекнаа ставот на официјална Атина кој е дециден и ригиден. За Македонија нема место ниту во Унијата, ниту во Алијансата, се` додека не се реши спорот со името.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG