Линкови за пристапност

Прва седница на новата влада


Прва седница на новата влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Распределување на портфолијата на министрите без ресори, избор на заменици премиери, избор на генерален секретар, избор на шеф на кабинет, утврдување на составот на комисиите – овие точки се најдоа на дневен ред на првата седница на новата влада.

Пред стартот на седницата премиерот најави дека очекува првични извештаи од министрите, особено од ресорот финансии.

„Во првите извештаи сите министри ќе реферираат во Владата, а верувам дека тоа ќе го направи и министерот Тевдовски. Сметам дека треба да ги почекаме нивните согледувања за состојбата на Буџетот. Мој прв впечаток е дека есента мора да следува ребаланс на Буџетот заради новата владина програма и политики, но тоа зависи и од моменталната финасиска кондиција и ликвидност на Буџетот на Република Македонија“, изјави премиерот Зоран Заев.

Првата работна средба на Заев пред владината седница беше со евроамабсадорот Самуел Жбогар.

„Зборувавме за потребата од вклученост на сите партии и граѓани за спроведување на реформите неопходни за членство во НАТО и ЕУ“, изјави Жбогар.

Премиерот порача дека ја очекува реакцијата на јавниот обвинител по повикот да си поднесе оставка зашто, според Заев, Марко Зврлевски е еден од симболите за узурпирана правна држава. Што ќе стане со оградата околу владата – според одговорот на премиерот таа најверојатно ќе биде тргната.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG