Линкови за пристапност

Граѓани на Охрид и Струга оптимисти за новата Влада


Граѓани на Охрид и Струга оптимисти за новата Влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Откако новата македонска Влада стапи на должност, а премиерот Зоран Заев вети дека веднаш ќе бидат спроведени длабоки реформски процеси, ги прашавме граѓаните кои се нивните очекувања од новиот владин состав. Сметаат дека главните приоритети треба да бидат зголемување на економскиот стандард и запирање на трендот на иселување од државата.

„Се надевам дека некои нешта од искуствата од минатото нема да се повторат. Мислам дека ќе се донесе нешто добро во смисла на подобрување на условите на живот. Оптимист сум бидејки гледам дека има многу нови личности“, вели жител на Охрид.

„Да се отвораат нови работни места, да се актуелизира проблемот со младите кои го напуштаат овој простор. Нека продолжи онаа иницијатива за провлекување на странски капитал, размена на искуства и со многу голема активираност на бизнис секторот“, изјави друг граѓанин.

Некои од нив имаа и директна порака до владата на Заев.

„Мислам дека граѓаните ќе дишат поубаво, да не одат да градат споменици, сали, патишта, кога луѓето немаат леб да јадат“.

„Да мислат малку повеќе - за народот. Знаеме ние дека мислат за нив многу повеќе. Приоритети, се знае, да бидат вработувањата, не само партиски. Тој што е способен да биде вработен, а не некадарни луѓе“, вели граѓанин.

„Ние можеме да им пожелиме убава работа и ум да имаат. Да не се караат, да мислат на народот, а не само за своите џебови“, изјави друг жител на Охрид.

„Основно на што се радувам на овие години, е дека конечно се роди демократијата во Македонија. Верувам дека Македонија ќе има перспектива. Прво со метла да го исчисти судството, а има и друго“, истакнува граѓанин.

Премиерот Зоран Заев најави дека новата реформска Влада ќе биде посветена на економијата и живот за сите. Вети повисоки плати, намалување на животните трошоци, зголемена поддршка за компаниите и земјоделците и домашните компании, како и стапка на економски раст повисока од пет отсто во секоја година од мандатот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG