Линкови за пристапност

Утре ќе се одржи собраниската седница за изборот на новата влада


За утре закажана собраниската седница за избор на новата влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Кабинетот на Зоран Заев ќе има 15 ресорни министерства, 10 добива СДСМ, ДУИ 3, Алијанса за Албанците 2

Предлог-составот и програмата доцна синоќа беа доставени до архивата на парламентот и материјалите се дистрибуирани до пратениците. Денеска спикерот Талат Џафери одржа координација со политичките партии во пресрет на утрешната седница. Притоа, не се појавија претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Кабинетот на Зоран Заев ќе има 15 ресорни министерства, 10 добива СДСМ, ДУИ 3, Алијанса за Албанците 2.

Коалицијата предводена од СДСМ покрај, одбрана, МВР, МНР, финансии, труд и социјала, образование, земјоделство, транспорт и врски, култура, информатичко општество и администрација, ќе има и вицепремиер за економски прашања и уште 6 министри без ресор. Партијата на Ахмети ги доби ресорите правда, економија и животна средина со кои ќе менаџираат Билен Саљии, Крешник Бектеши и Садула Дураку. Партијата добива и два вицепремиера - Хазби Лика за политички систем и Бијар Османи за евроинтеграции. Алијанса за Албанците на Села ќе раководи со два ресора - Арбен Таравари оди во здравство, а Сухејл Фазлиу во локална самоуправа. Беса реши да остане надвор од владата.

„Беса, без оглед на тоа што останува во опозиција ќе ги поддржи потребните реформи“, изјави Билал Касами, претседател на БЕСА.

По утврдувањето на предлог-министерската листа мандатарот излезе со оптимистичка изјава за траењето на идната влада.

„Јас сум убеден во капацитетот на парламентарното мнозинство, согласно тоа јас сум убеден дека ова Влада има капацитет четири годишен“, истакна Зоран Заев, мандатар за состав на Влада.

Без БЕСА новата влада има поддршка од 62 пратеника, што е веднаш над минимумот за избор. Според собранискиот деловник, дебатата за составот на владата и програмата може да трае најмногу два дена, што значи дека до среда на полноќ новиот владин кабинет ќе биде избран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG