Линкови за пристапност

Македонија: Нема Влада до крајот на неделата


До пред малку беше неизвесно дали мандатарот Зоран Заев, ќе успее до крајот на седмицата, како што првично прогнозираше, да го комплетира предлог-составот на новата влада и со програмата да ги прати до Собранието.

Заев штотуку извести дека тоа нема да се случи.

Процесот се комплицира поради, според сознанијата на „Гласот на Америка“, две причини: првата е дека социјалдемократите кои, како носители на новото мнозинство, се уште докрај не ги прецизирале кадровските решенија за министерските ресори, поточно кој која функција би ја презел. Истовремено, паралелно со разговорите за распределба на ресорите, како внатре во партијата, така и со партнерите од мнозинството, СДСМ е и во фаза на организирање на утрешниот конгрес што исто така одзема дел од партиските капацитети. Другата причина што влијае врз финиширањето на преговорите и затворањето на предлогот за Влада е позицијата на БЕСА за која се уште не се знае дали активно ќе партиципира во новиот кабинет. И самиот Заев за време на посетата на Брисел призна дека разговорите со оваа партија одат потешко.

„Можам да кажам дека со другите партии сме многу поблиску и во делот на она што значи распределба на ресори и во делот на аспектот на потребата од изнаоѓање на квалитетни кадри. Со партијата БЕСА не сме дошле уште да разговараме за кадри, се` уште разговараме за ресорите, вкупниот број, колку, пропорциите, одговорноста. Верувам дека многу брзо ќе дојде и да разговараме и за имиња“, истакна мандаторот за состав на нова Влада.

Од БЕСА за „Гласот на Америка“ денеска кусо изјавија дека го чекаат одговорот од СДСМ на листата-барања што завчера беа пратени до раководството на социјалдемократите. „Од тоа што ќе ни` биде одговорено, ќе зависат нашите идни чекори“, велат од БЕСА.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG