Линкови за пристапност

Се интензивираат преговорите за нова влада


Се интензивираат преговорите за нова влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Се интензивираат преговорите за формирање влада – најавите се дека влегуваат во завршна фаза. Она што засега се смета за речиси извесно е дека во новиот владин кабинет на Зоран Заев ќе партиципираат и ДУИ и Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Неизвесно е дали свои членови во владата ќе има и Беса или партијата само ќе даде парламентарна поддршка. Од Беса за „Гласот на Америка“ денеска кусо изјавија дека се уште се дискутира за принципите на идната влада. Ниту лидерот Касами не беше јасен по средбата со Заев.

„Ќе разговараме и понатаму за учество на Беса во влада која ќе биде реформска. Во овој дел за нас се многу важни принципите на составувањето на идната влада, уште работиме на договорањето на тие принципи кои ќе бидат гарант дека идната влада ќе биде реформска и ќе работи во интерес на граѓаните“, изјави Билал Касами, претседател на БЕСА.

По серијата вчерашни средби со лидерите на албанските партии мандатарот потврди дека веќе се разговара за конкретни теми-распределба на ресорите и дека ставовите се приближуваат.

„Многу ни е важен квалитетот на луѓето, а уште не сме ги отвориле имињата на луѓето. Генерално, зборевме за тоа до каде има подготвеност за ресорите, но се може да падне во вода ако немаме квалитетни кадри“, кажа Зоран Заев, мандатар за нова влада.

Пред состанокот со Ахмети Заев се сретна со Зијадин Села кому ова му беше прв јавен настап по собраниските насилства во кои тој беше најтешко повреден. „Разговаравме за модалитетите и принципитре на поинакво владение“, изјави Села.

„Повеќе ни се важни тематските прашања, отколу тоа кој ќе биде министер, а кој нема да биде министер“, изјави Зијадин Села, претседател на Движење за реформи на ДПА.

На Заев му преостануваат нецели две седмици од рокот во кој треба да достави предлог влада и програма до собранието. Засега, како можни кандидати за министри од редовите на социјалдемократите се споменуваат Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, Драган Тевдовски... Како потенцијални министри од ДУИ се шпекулира со имињата на Теута Арифи, Изет Меџити, Артан Груби...

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG