Линкови за пристапност

Стејт департмент: САД го поздравуваат мандатот за нова влада во Македонија


„Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот за формирање влада, на Зоран Заев. Одлуката претставува важен чекор напред за македонската демократија и на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението на портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нарт.

„Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада при справувањето со огромниот број предизвици со кои се соочува Македонија, вклучувајќи ја и потребата од демократски реформи и целосна имплементација на Договорот од Пржино“, со додава во денешното соопштение.

„САД остануваат пријател и партнер на Македонија, и ние сме посветени да ја поддржиме нејзината европска и евроатлантска иднина“, се наведува во изјавата на американскиот Стејт департмент.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG