Линкови за пристапност

Иванов му го додели мандатот на Заев


Иванов му го додели мандатот на Заев
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Шефот на државата изјави дека ваквиот чекор следи откако биле отстранети пречките што тој ги наведе, како услов за Зоран Заев да го добие мандатот

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на парламентарното мнозинство. Шефот на државата изјави дека ваквиот чекор следи откако биле отстранети пречките што тој ги наведе, како услов за Зоран Заев да го добие мандатот.

​„Коалицијата предводена од СДСМ која има мнозинство во Собранието на Република Македонија го предложи Зоран Заев да биде кандидат кому ќе му биде доверен мандатот за состав на влада на Република Македонија“, истакна Иванов.

Изминатите денови до кабинетот на Иванов биле пратени гаранциите што тој ги бараше, а кои се однесуваа на зачувување на унитарноста на државата.

„Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија. Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија“, порача Заев.

Мандатарот, според Уставот, сега има рок од 20 дена до Собранието да поднесе програма и предлог-состав на владата која се избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

„Веднаш ќе пристапиме кон организација со партиите што дадоа 67 потписи, за да го скусиме рокот од 20 дена, и што е можно побрзо, за помалку од 10 дена, да го составиме кабинетот и да го предложиме до собранието“, кажа мандаторот за составување нова влада.

Доделувањето на мандатот го поздравија високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Се надеваме дека овој конструктивен дух ќе продолжи да преовладува, така што земјата ќе може конечно да излезе од политичката криза. Сега очекуваме брзо формирање на влада која ќе биде посветена на спроведувањето на сите делови од договорот Пржино и итните реформски приоритети“, се вели во заедничкото соопштение на Хан и Могерини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG