Линкови за пристапност

Прва официјална средба Џафери-Бејли; Кои се следните чекори?


Прва официјална средба Џафери - Бејли; Кои се следните чекори?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:30 0:00

Неофицијално се разговарало за ситуацијата во земјата, како избор на нова влада и за ставање во функција на парламентот по насилствата од пред десет дена

Без изјави за јавноста помина денешната прва официјална средба на новиот собраниски спикер Талат Џафери со американскиот амбасадор во Република Македонија Џес Бејли. Во кабинетот на Џафери беа истакнати македонското и американското знаме.

Според неофицијални информации се разговарало за ситуацијата во земјата, за чекорите што треба да следат, како избор на нова влада, и за ставање во функција на парламентот по насилствата од пред десет дена. Според собраниските служби, темите биле слични и на состанокот со францускиот амбасадор Тимоние.

Натамошната разврска на ситуацијата се очекува по можната средба меѓу лидерот на парламентарното мнозинството Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов, кој од Заев очекува гаранции за зачувување на унитарниот карактер на државата. Кога тоа би се случило, нема прецизен одговор, но се очекува неделава, имајќи предвид дека течат десетте дена, рок од моментот откако Талат Џафери писмено го информираше шефот на државата дека има ново паралментарно мнозинство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG