Линкови за пристапност

Талат Џафери ја презеде функцијата


Прв гостин на новиот спикер му бил евроамбасадорот Самуел Жбогар, кого го уверил дека ќе се залага на јакнење на демократските процеси во Македонија

Талат Џафери, како што беше соопштено, „работниот ден го почнал во својот кабинeт“. Примопредавањето било извршено без какви било проблеми. Информациите се дека Трајко Вељаноски уште синоќа ги напуштил просториите.

„Тој заедно со членовите на својот кабинет и собраниските служби ги презеде сите оние формално-административни работи за нормално функционирање и вршење на функцијата претседател на Собранието“, велат од парламентот.

Прв гостин на Џафери му беше евроамбасадорот Самуел Жбогар, кого го уверил дека ќе се залага на јакнење на демократските процеси во Македонија. На средбата Џафери рекол дека очекува брзо формирање нова Влада и фокусирање на земјата на евроатлантската агенда.

Денеска беше забележливо како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во групи ја напуштаа собраниската зграда. Партијата на Никола Груевски денеска не ги соопшти наредните чекори, велејќи дека Џафери е незаконски во кабинетот на спикерот.

„Џафери беше нелегално во кабинетот на претседателот на Собранието, на диво и незаконски, исто како и обидот тој да биде избран за претседател. ВМРО ќе ги употреби сите демократски средства во одбрана на Уставот и ќе продолжи да се бори за највисоките државни и национални интереси“, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Собраниската администрација уште вчера попладне доставила барање до „Службен весник“ за објавување на одлуката за избор на Џафери за претседател на Собранието. Денеска и британскиот „Форин офис“ ја поддржа одлуката на мнозинството за избор на нов спикер. Официјален Лондон ги повика „сите лица, институции и партии да овозможат, како што се вели, непречен и ненасилен трансфер на власта од претходната владејачка партија, кон мнозинската коалиција избрана во декември 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG