Линкови за пристапност

САД ќе работат со новиот спикер на Парламентот за напредок на Македонија


Портпарол на Стејт департментот реагираше на барање на Гласот на Америка на македонски, по настаните во Парламентот

Вршителот на должност помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања Џон Хеферн, денеска го повика претседателот Ѓорге Иванов, за да изрази длабока загриженост на САД во врска со вчерашното насилство во македонскиот Парламент, што уследи по изборот на Талат Џафери за спикер на Парламентот, како и да поттикне на решавање на кризата преку демократски институции.

Хеферн подвлекува дека „ќе работиме со новиот спикер во поддршка на демократијата и да и` помогнеме на Македонија да се придвижи напред на својот европски пат“.

Тој додава дека „насилството нема место во демократскиот процес. Изразуваме најдлабоко сочувствување со повредените членови на Парламентот во нападот, и на нивните семејства. Ги повикуваме македонските власти да ја осигураат безбедноста на членовите на Парламентот, целосно да го истражат нападот, и да ги земат на одговорност извршителите на актите на насилство".

Замeник-помошникот државен секретар Хојт Ји, ќе биде во Скопје во понеделник, да се сретне со политичките лидери, при што ќе ја пренесе истата порака.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG