Линкови за пристапност

Непродуктивното собрание е кочница за демократијата


Непродуктивното собрание е кочница за демократијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

„Сегашните случувања во парламентот, го поткопуваат неговиот кредибилитет“, истакна британскиот амбасадор во Македонија

Македонското Собрание и на 12-от ден од дебати, освен меѓупартиски препукувања и надмудрувања, не донесоа напредок во надминување на кризата. Во меѓувреме, стигнуваат сериозни пораки од меѓународната заедница дека секое натамошно оддолговлекување претставува чекор против демократијата и намалување на угледот на земјата.

„Парламентот е јадрото на демократијата во Македонија. Сегашните случувања во македонскиот Парламент прават противуслуга за развојот на демократијата. Го поткопуваат кредибилитетот на институцијата во Македонија, и надвор. Демократијата не доаѓа брзо, ниту пак патувањето има крај, а демократиите треба постојано да бараат начини како да се зајакнат“, истакна Чарлс Гарет, амбасадор на Британија во Република Македонија.

Според Граѓанската асоцијација „МОСТ“ која со години ги следи изборните циклуси и постизборните периоди одговорноста, транспарентност и функционалноста треба да бидат клучните задачи за овој парламентарен состав и враќање на суштината во работата на Собранието.

„МОСТ апелира за што за побрз избор на претседател на Собранието и избор на сите работни тела.Собранието мора да ја преземе уставната улога на највисоко законодавно тело и контролор на извршната власт“, изјави Дарко Алесков од Граѓанската асоцијација „МОСТ“.

Истражувањето на МОСТ за работата на претходниот собраниски состав во 2016-тата и актуелниот, покажува дијаметрална спротивност. Претходниот состав знаел да носи и по 100 закони со минимална дебата за суштината на тие документи, додека постојниот е во постојана атмосфера на „мачно“ дебатирање. Лани парламентот заседавал само 8 месеци и усвоил 365 закони, од кои 75 отсто биле донесени до почетокот на април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG