Линкови за пристапност

ВМРО-ДПМНЕ бара нови предвремени избори


ВМРО-ДПМНЕ бара нови предвремени избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Во меѓувреме, СДСМ и ДУИ продолжуваат со преговорите.

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува, притиска за избори по неуспехот да обезбеди парламентарно мнозинство за да формира влада. „Состојбата во Македонија е зрела за одржување нови предвремени избори“ – и` порачал Никола Груевски на амбасадорката на ОБСЕ Нина Соумалаинен, како одговор на нејзиното прашање за создавање влада. Aмбасадорката побарала и став дали за ВМРО-ДПМНЕ би била прифатлива опцијата влада што би ја формирала СДСМ. „Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“, одговорил Груевски.

За политичката ситуација, на лидерско ниво, ќе се разговара и в четврток кога во Скопје ќе допатува еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Од неговиот кабинет потврдија дека Хан, иако доаѓа во Македонија за да учествува на регионален министерски состанок, сепак ќе се сретне со претседателите на парламентарните партии.

„Од посетата на Хан очекуваме да се потврди дека Македонија, по изборите на 11-ти декември, треба да добие политичка влада која ќе ги спроведе неопходните реформи. Денеска нема средби со ДУИ, туку ќе се одржуваат само внатрепартиски консултации“, изјави Петре Шилегов од СДСМ.

Вчера во Скопје се одржа прва средба на работни групи меѓу СДСМ и ДУИ. Тимови од по три члена од двете страни разговараа за можноста за договор за формирање влада.

„Имавме конструктивна атмосфера, а конкретните одлуки ќе се носат на ниво на претседателство“, изјави Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ.

„Сметаме дека овие средби и дискусии ќе продолжат, целта ни е заедничка – час поскоро добивање на влада која ќе се грижи за интересите на граѓаните“, кажа Радмила Шеќеринска, заменик-претседателка на СДСМ.

И СДСМ и ДУИ официјално соопштуваат дека засега се далеку од конкретни дискусии за одредени специфични политички прашања, како што се на пример, поделба на ресори.

XS
SM
MD
LG