Линкови за пристапност

ДИК: Отфрлени повеќе од половина од приговорите на СДСМ


ДИК: Отрфлени повеќе од половина од приговорите на СДСМ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Откако ДИК ќе се произнесе по сите приговори, одлуките на комисијата, засегнатите партии и коалиции ќе можат да ги обжалат пред Управниот суд чии решенија се финални. Потоа ќе се објават конечните резултати од изборите.

Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се појавија пред ДИК за, како што рекоа, да не дозоволат некој да ја украде победата на владејачката партија.

Паралелно со партискиот собир надвор, внатре членовите на Државната изборна комисија ја продолжија расправата за преостанатите приговори од кои дел може да влијаат врз конечната распередлба на мандатите кои, според првичните резултати, се 51 наспрема 49 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. До попладнето беа отрфлени повеќе од половина од приговорите на СДСМ, два приговора партијата сама повлече. ДИК претходно отфрли 7 од 8-те приговори на БЕСА. Беа побарани оригиналните записници од гласањето.

Додека траеше синоќешната маратонска седница на ДИК, неколку стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ протестираа пред зградата. Атмосферата дополнително ја подгреваа и настапите на дел од функционерите на партијата.

На овие говори реагираше СДСМ - побара институциите да се справат со, како што обајснија од опозицијата, говорот на омраза и со повиците за линч кон се` што е демократско во Македонија. „Граѓаните на Македонија не се ничие топовско место. Нема да подлегнат на провокациите“ – стои во соопштението на социјалдемократите. Откако ДИК ќе се произнесе по сите приговори, одлуките на комисијата, засегнатите партии и коалиции ќе можат да ги обжалат пред Управниот суд чии решенија се финални. Потоа ќе се објават конечните резултати од изборите.

XS
SM
MD
LG