Линкови за пристапност

Во ДИК повеќе кавги, отколку конструктивна дебата


Во ДИК повеќе кавги, отколку конструктивна дебата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

До попладневните часови половина од приговорите на БЕСА беа отфрлени од мнозинството членови на ДИК зашто беше утврдено дека немало доказ за наводите

Повеќе кавги, отколку конструктивна дебата – во таква атмосфера поминува седницата на Државната изборна комисија отворена за јавноста на која се разгледуваат 16-те приговори на СДСМ и БЕСА за неделните избори, а кои може да влијаат врз конечните резултатите. Членовите на ДИК се конфронтираа уште на самиот почеток и тоа за приговорите на БЕСА кои ги образложуваше претставник на партијата.

„Велите дека изјави нема да се приаќаат, па ќе се прифаќаат. Еве ви докази дека изјавите имаат потпис“, вели претставник на БЕСА.

Во еден момент атмосферата на недоразбирање кулминираше, по што седницата беше прекината.

До попладневните часови половина од приговорите на БЕСА беа отфрлени од мнозинството членови на ДИК зашто беше утврдено дека немало доказ за наводите. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК, во рок од 24 часа може да се поднесе тужба до Управниот суд. Управиот суд пак треба да решава во рок од 48 часа по приемот на тужбата. Според првичните резултати ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, Движењето БЕСА 5, Алијанса за Албанците 3, ДПА 2 мандата. Резултатите стануваат конечни откако ќе поминат сите законски предвидени рокови.

XS
SM
MD
LG