Линкови за пристапност

Гур: Македонија има конструктивна улога во регионот


Гур: Македонија има конструктивна улога во регионот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Директорот за меѓународна безбедносна политика во британското Министерство за одбрана кој беше во дводневна посета во земјата, додаде дека предизвици сепак, постојат.

Македонија, според официјален Лондон, има конструктивна улога во регионот. Сепак предизвици постојат, вели Ник Гур, директор за меѓународна безбедносна политика во британското Министерство за одбрана кој беше во дводневна посета во земјата.

Тој истакна дека во тек се анализи за улогата што Британија може да ја има во помошта за Македонија да се справи со актуелните ризици и настапи внимателно околу тоа дали има дилеми дека за сметка на безбедноста во Македонија постои континуиран пад на демократските вредности.

„Британија отсекогаш била предводник во следењето на тоа што се случува овде, дека можеби би имало некаков компромис, но тој истовремено да ја почитува потребата, или поточно да се дојде до решение кое ќе биде практично, но и ќе го почитува владеењето на правото“, вели Гур.

Прашањето за острите забелешки на претседателот Иванов дека западните разузнавачки служби не споделуваат чувствителни безбедносни информации со македонските власти, реши да го одговори британскиот амбасадор Гарет.

„Мислам дека она за што претседатело зборуваше се однесуваше на конкретна тема во конкретен момент кога немало споделување на разузнавачки податоци, но главно е дека ние сме отворени за споделување на разузнавачки податоци кога е тое релевантно“, истакна Гарет.

Високиот британски претставник е свесен за потенцијалните опасности за стабилноста на регионот како што е на пример бранот бегалци. Затоа порача:

„Сите не чека многу работа особено на Западниот Балкан, размислуваме како најдобро да придонесеме за безбедноста на регионот на начини кои досега не сме ги правеле“, порача Гур.

XS
SM
MD
LG