Линкови за пристапност

Први обвинителни акти на СЈО


Први обвинителни акти на СЈО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Едниот е за уништување документација во Управата за безбедност и контраразунавање. Другиот, за насилствата пред општина Центар во кои, според „опозициските бомби“, инволвирани биле екс-премиерот Груевски и поранешниот министер Јанакиески.

СЈО денеска поднесе обвиненија против 21 лице за два случаја. Во првиот станува збор за наводно спонтаните граѓански протести пред општина Центар во 2013-та. За наредбата и за насилствата што се случија пред три години специјалното обвинителство обвини 14-мина, 5 од нив како поттикнувачи, 9 како извршители – сите членови на една партија. Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска, повикувајќи се на пресумпцијата на невиност, не ги споменаа имиња на наредбодавачот и на спроведувачот на акцијата. Според објаснувањето, предметот меѓудругото се темели врз телефонски разговор меѓу двајца поранешни функционери кои во јуни 2013 заговарале насилство за време на седницата на општинскиот совет. Во т.н. опозициски бомби беше објавена таква аудио-комуникација за која СДСМ тврдеше дека е меѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески.

„Од доказните материјали произлезе дека во јуни 2013 првообвинетиот наредил, а второобвинетиот беспоговорно прифатил, додека трето, четврто и петто обвинетиот го поттикне членството на партијата да извршат насилство кон градоначалникот на Ценатр и кон советниците од другата страна. Мотивите на првообвинетиот биле чисто лукративни за опстојување на власт на партијата“, кажа обвинителката Фатиме Фетаи.

Вториот предмет е за уништување на службена документација во Управата за безбедност и контраразузнавање поврзана со незаконското прислушување во што, според специјалното обвинителство, учествувале седуммина – сите вработени во УБК. Првообвинетиот, кој беше посочен како високопозициониран во Петтата управа на УБК, со усна наредба формирал комисија која надвор од процедурата се „ослободила“ од списите поврзани со прислушувањето.

„Комисијата која била незаконски формирана уништувала списи и документи кои се воделе како класифицирани“, додаде Фетаи.

Јанева најави дека во наредните денови пред Собранието и Советот на Јавни обвинители ќе го презентира извештајот за својата работа. Побара и усвојување на измени во законот за заштита на сведоци за, како што рече, СЈО да може подобро да навлезе во други виоскопрофилирани слуачи како што се „Монструм“ и „Мартин Нешковски“.

XS
SM
MD
LG