Линкови за пристапност

Македонија пред утрешните протести


За четврток се најавуваат најмасовни протести досега, и од цивилниот сектор и од провладиното Граѓанското движење за одбрана на Македонија

Во дел од македонските медиуми се шпекулира дека утре претседателот Иванов ќе ја повлече одлуката за прекин на постапката против 56 политичари, што го побараа сите четири партии потписнички на Пржинскиот договор и дека тоа најверојатно ќе зависи од исходот на утрешните протести во Скопје.

Во меѓувреме, по средбата со амбасадорите на државите од ЕУ, од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов беше издадено соопштение во кое се вели дека тој ги изложил своите аргументи за донесување на одлуката за помилување.

Делегацијата на ЕУ од своја страна соопшти дека одлуката на Иванов го поткопала владеењето на правото, како и дека ја ставило под прашање евроатлантската интеграција на државата.

Според дел од македонските медиуми пак, средбата на амбасадорите со Иванов била во функција на подготовка и отворање пат за четирипартиската средба во Виена.

Минатата недела амбасадорот на САД Џес Бејли упати порака до македонската јавност дека „масовната амнестија и неказнивоста се пречка за кредибилни избори и за евроатлантската иднина на земјата“.

И продемократските протести на цивилниот сектор и контра-протестите во организација на провладиното Граѓанското движење за одбрана на Македонија, кои најавуваат најмасовни протести, секој од своја страна, нарекувајќи го „црн четврток“.

„ Што може да се очекува освен крв, ако протести се закажуваат на исто место на веќе закажани мирни протести на граѓанските невладини организации и на опозицијата“, пишува Ерол Ризаов, во колумната „Спречете го црниот четврток“.

Денеска, покрај Скопје, Прилеп, Струмица, Кочани, Велес и Битола, продемократски протести ќе има и во Кавадарци и Охрид, а утре и во Гостивар. Истовремено, три протести денеска организира и ГДОМ со поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во Кавадарци, Битола и Охрид.

XS
SM
MD
LG