„Им честитаме на политичките партии за денеска постигнатиот договор за избор на јавен обвинител, одговорен за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и за именување на Катица Јанева на оваа функција“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
„Ова претставува значаен чекор кон утврдување на одговорност. Соединетите Американски Држави, заедно со нашите европски партнери, остануваат определени да и` помогнат на Македонија да го имплементира договорот од Пржино и да продолжи по својот пат кон целосна интеграција во евро-атлантските институции како динамичнa, просперитетна и мулти-етничка демократија“.